Гоце и ЦСМ Букурешт пред четврт-финале

Репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски имаше добра средба на гостувањето во Чешка. На мечот против Дукла тој постигна три гола со што помогна во победата од 28:23.

ЦСМ Букурешт го имаше овој меч добиено уште во првото полувреме, но попушти ритамот и до крајот на средбата не беше одработено на нивото кое беше потребно за висока победа. После 19:10 на полувреме, во продолжението од средбата ЦСМ Букурешт ја загуби позитивата и славеше со само пет гола, 28:23.

Сепак, овие пет гола би требало да се повеќе од доволни за да се дојде до пласман во четврт-финалето од Челенџ купот бидејќи в сабота на домашен терен овие пет гола ќе бидат повеќе од доволни за севкупна победа.

ЧЕЛЕНЏ КУП (МАЖИ)

РЕЗУЛТАТИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕ

БЕРХЕМ – ДИКЕН            24:28/26:28

СГС РАМАТ ХАШРОН – АЕК        28:34

БИСТРИЦА – НЕВА         21:31

ДУКЛА ПРАГА – ЦСМ БУКУРЕШТ            23:28

МАСЕКА – ВИЗЕ               31:32

АРЕНДАЛ – ДИНАМО ВИКТОР 27:21

СВИСА ВИЛНУС – БОРАЦ            16:29

ДОНБАС – МАДЕИРА   двете средби се играат следниот викенд