Гостувањето на Вардар кај Барса ќе биде меч на неделата во ЛШ

Лигата на шампионите ќе биде во втор план во следните неколку седмици додека траат репрезентативните активности, односно квалификациите за Европското првенство. Сепак, ЕХФ ги одреди натпреварите на колото од 6 до 10 коло.

Откако гостувањето на Рајн Некар Левен во Скопје беше прогласено за меч на колото, ракометарите на Вардар ќе бидат дел уште од еден „меч на неделата“, а станува збор за гостувањето во „Блауграна“ кај каталонскиот гигант Барселона.

Овој натпревар е закажан за 17 ноември во 18:00 часот.

Натпревари на неделата:

6. коло Флензбург – Скјерн
7. коло Загреб – Целје
8. коло Барселона – Вардар
9. коло ПИК Сегед – ПСЖ