Гостите од Ниш поделија многу комплименти за шампионот Вардар

Противникот на Вардар во 2. коло од СЕХА-лигата, Железничар е дебитант во натпреварувањето,  а првото гостување за овој тим не можеше да биде на поубаво место. Тимот кој го предводи Веселин Вујовиќ денеска им гостува на „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ и јасно е дека на оваа средба ќе нема што да загуби со своите ракометари.

За Железничар гостувањето кај актуелниот првак е можност за нешто да се научи и да се добие искуство плус за средните натпревари во натпреварувањето, но и за битките во Купот на ЕХФ.

„Играме против тимот кој има четири титули во СЕХА, а победуваше во последните две сезони. Што да се каже повеќе од тоа за ривалот со кој се соочуваме. Се работи за еден од најголемите клубови во Европа. Годинава има многу нови играчи, но и покрај тоа повторно е меѓу најсилните состави во Европа. И во оваа сезона Вардар го сака трофејот, па свесни сме што не очекува. Знаеме дека Вардар е фаворит, но ние ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и свесни сме дека овој натпревар ќе биде патоказ за она колку можеме во моментов во натпреварувањата во кои играме“, изјавува ракометарот на Железничар, Павле Бандука.

Средбата стартува од 20:15 часот и се игра во СЦ „Јане Сандански“, а јасно е дека Вардар влегува како фаворит за триумф на овој дуел.