Горпишин за 24Ракомет ТВ: Би останал засекогаш во Вардар! (ВИДЕО)

Едно од новите имиња во македонскиот и европскиот шампион Вардар е рускиот кружен напаѓач Сергеј Горпишин.

Тој дојде од германскиот Ерланген, но не е првпат во Скопје со оглед на тоа што бил на подготовките со руската селекција во македонскиот главен град.

„Тука ми се допаѓа многу. Не е многу поразлично од Германија. Времето е малку жешко, јас сакам зима. Но ако е вака постојано, би можел да останам засекогаш“, низ смеа вели Горпишин.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…