Горење дефинитивно остана без капитенот

Претставникот на Словенија во СЕХА лигата, Горење пред неколку дена доби негативен одговор за аплицирањето за учество во Лигата на шампионите, а сега и официјално остана без својот капитен, Нико Медвед.

300x250

Неговото замнување ќе биде последно од низата напуштања на клубот. Медвед им се придружува на Поточник, Тоскиќ, Цехте и Ферлин кои веќе си најдоа нов клуб.

Медвед беше член на Горење уште од 17 годишна возраст и со текот на годините успеа да стане синоним на тимот од Велење во кој успеа да постигне 964 голови во 324 натпревари. Беше капитен на тимот во две сезони од СЕХА лигата во кои екипата на Горење се покажа како цврст противник.

Замена за Медвед најверојатно ќе биде младиот Тадеј Мажеј. Новиот клуб на Нико Медвед засега не е познат. Постоеше можност да дојде во Металург, но од тоа најверојатно нема да има ништо. Она што е сигурно е дека ќе им недостасува на навивачите од Велење кои во него видоа пример за лојалност кон екипата.