Вардар в година ќе прави тим од девојки родени 2002 и 2004 година

Женската екипа на Вардар ја игра својата најдобра сезона во Лигата на шампионите и веќе има осум победи на осум средби сезонава. В сабота против Будуќност го има деветтиот дуел на кој одново се очекува триумф. Сепак, ситуацијата за следната сезона на е најдобра.

На сите ракометарки им е кажано дека можат да си побараат клубови. Вардар прави проект во кој ќе работи на создавање на тим во кој ќе има ракометарки родени 2002 и 2004 година. Тие треба да бидат иднината и да го крене нивото на репрезентацијата. Од нив се очекува да бидат и во составот на националниот тим за Европското првенство во 2022 година на кое сме домаќини.

Во однос на мечот против Будуќност, кој ќе биде одигран в сабота, претседателот на женскиот тим на Вардар, Гордана Нацева очекува да нема проблеми и Вардар да дојде до нова победа.

„Ни претстои балканско дерби. Будуќност не е на нивото од минатите години, но секогаш кога доаѓа во Скопје и игра против нас е атрактивен противник. Очекувам ова да биде добар натпревар и верувам во девојките и во нови два бода во Лигата на шампионите“.