Горбок ја откри вистинската причина за враќањето во Вардар

Сергеј Горбок по подолго време повторно ќе загра во Скопје, овој пат во дресот на Русија против селекцијата на Македонија. Натпреварот ќе биде дел од подготовките на двете репрезентации во пресрет на јунските баражи за пласман на СП во Данска и Германија.
Ракометарот кој од следната сезона повторно ќе го облече “црвено-црниот” дрес, за руските медиуми меѓу другото ја откри и една од главните причини за неговото враќање во Скопје.

“Многу е тешко кога си одвоен од семејството. Затоа и го менувам клубот. Веројатно ова е најголемото искушение во мојот живот. Зошто жената и децата останаа во Македонија? Девојките одат во американско училиште во Скопја, а такво нешто нема во Сегед. Во Унгарија јас учам унгарски јазик. Јас сум веќе во години и во секој момент можам да ја завршам својата кариера. Затоа тие се решија на ваков чекор. Но и покрај тоа секој месец се гледаме. Или тие доаѓаат кај мене, или јас одам кај нив”- вели Горбок за руските медиуми.