Гонзалес: Не сум задоволен, но мора да одмориме и да се подготвиме за Ф4

Во рамките на последното 18 коло, актуелниот СЕХА шампион пред домашната публика ја затвори сезоната во регионалната лига со победа над Нексе 29-25. Гостинските ракометари имаа предност во поголемиот дел од првото полувреме, но Вардар ја презеде контролата на средина на вториот дел и ја запиша својата рекордна 17 победа оваа сезона во СЕХА натпреварувањето. Тренерот на Вардар истакна дека победата е најважна иако играта која ја покажа Вардар не задоволува.

300x250

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Не сум задоволен од играта. Не одигравме добро во првото полувреме, имавме проблеми во нападот, но во  второто одигравме малку подобро доволно за да победиме. Сега треба да се одмориме и добро да се подготвиме. Нè очекува СЕХА Фајнл Фор турнирот во Скопје.