Гонзалес: Барселона во Келн ќе го игра најдобриот ракомет, ако одиграме како против Фленсбург имаме шанса

Македонскиот првак на 3-ти јуни ќе го одигра својот прв полуфинален дуел во Лигата на шампионите. Вардарци веќе испишаа историја со пласманот на Фајнл Фор турнирот во Келн, а сега ќе се обидат преку Барселона да дојдат до самиот врв на ракометна Европа. Тренерот Гонзалес, истакна дека очекува тежок натпревар и борба до самиот крај.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Во полуфиналето играме против Барселона. Не знам дали е добро или лошо, само не сакав да играме против Веспрем, затоа што многупати одигравме со нив. Вака е подобро за сите, за нас и за публиката.

Барселона е одлична екипа, беа први во својата група, имаат одлична одбрана и многу добри голмани, затоа мораме да се подоготвиме со срце и мозок. Ако одиграме како против Фленсбург имаме шанса да победиме.Имам добверба во играчите и треба да се обидеме да победиме.

Барселона таму ќе го игра најдобриот ракомет, не знам како ќе се одвива натпреварот, но се надевам на најдоброто.

Македонскиот претставник за противници ќе има и двајца македонски репрезентативци во редовите на Барселона, Кире Лазаров и Борко Ристовски. Точниот термин за одигрување на вториот полуфинален дуел во наредниот период ќе биде одреден од претставници на ЕХФ и ЕХФ Маркетинг.