Гонзалес: Барселона знае како да игра на вакви натпревари, затоа ни требаат полни трибини

Вардар по 4 кола во Лигата на шампионите се уште е без пораз. По воведната победа над Висла Плоцк и домашните над Загреб и Нант, како и ремито на гости кај ПИК Сегед, европскиот шампион, го чека најтешкиот испит од стартот на сезоната. Во Скопје доаѓа Барселона, тимот кој загуби во полуфиналето на Ф4 од Вардар и сега ќе сака да се одмазди.

„Играме против Барселона, најголем противник во групната фаза. Тие имаат добри играчи со искуство, знаат како да играат вакви натпревари, мора одбраната да функционира на вистинско ниво ако сакаме да победиме. Голманот Перез де Варгас е голем адут на Барселона, тој според мене е многу добар голман и треба да бидеме концентрирани во нападот. Мора да добиеме поддршка од трибините, бидејќи двете екипи се на исто ниво и затоа очекувам многу тежок натпревар, но верувам во тимот и во нашите навивачи и мислам дека имаме шанса за победа.“ – вели тренерот Раул.

Двата тим имаа соочување и на Супер Глоуб во Доха, но вардарци загубија.

„Тогаш игравме катастрофално педесетина минути, а кога имаа 7 разлика заиграме подобро. Се знаеме добро бидејќи игравме многу натпревари, натпреварот со ПИК Сегед покажа дека екипата функционира, кога имаш добра одбрана можеш да искорситиш контранапад и да постигнеш лесен гол.“ – заврши Раул.

Натпреварот меѓу Варда ри Барселона се игра в сабтоа во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.