Гонзалез: Со победа да го дочекаме СЕХА Ф4

Македоснкиот и европски шампион РК Вардар во вторник против Нексе ќе го одигра последниот натпревар од регуларниот дел од СЕХА Лигата. Предводникот на вардарци Раул Гонзалез очекува да ја затворат сезоната со победа и очекува да се подобрат во фазата на одбрана која во последниот период не е на поскауваното ниво.

“Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. Нексе е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво.“

Натпреварот се игра во Спортскиот Центар “Јане Сандански“ со почеток од 17:45.