Гол скоро на секои две минути: Романките ја стопираа Шпанија

Селекциите на Романија и Шпанија го одиграа убедливо најсиромашниот со голови меч на Светското првенство во Германија откако заедно постигнаа само 36 гола. Конечните 19:17 во корист на Романките значеа дека оваа селекција веќе има три од три и пласман во осминафиналето.

300x250

Шпанецот на клупата на Романките, Хозе Мартин Амбросио Цедрес успеа одлично да ги подготви своите ракометарки и да им донесе можност да се надигруваат со противникот. Романките успеаја да го зададат главниот удар и да се изборат за триумф. Со оглед на тоа што двете селекции беа концентрирани на играта во одбраната немаше можност за многу голови, па паднаа едвај 36 што е скоро на секои две минути по еден гол.

Фото: sport.ro