Гол за ТВ шпици: Троен цепелин во хрватско-словенечка режија (ВИДЕО)

Ракометарите на Киелце по трумфот над Кил во Лигата на шампионите им се вратија на домашните обврски во полскиот шампионат. Избраниците на Талант Душебаев немаа никакви проблеми и остварија висока победа над Спојна Гдиња со 46:27.

На овој натпревар гледачите имаа можност да видат еден од можеби најубавите голови во историјата на ракометот, во режија на Деан Бомбач, Мануел Штрлек и Блаж Јанц. Акцијата ја почна и ја заврши искусниот словенечки плејмејкер. Уживајте…

Фото: Anna Benicewicz Miazga