Гол за ТВ шпици: Со парабола удар до победа – измамен живиот ѕид! (ВИДЕО)

Шпанската Асобал лига можеби го загуби приматот на втора по квалитет лига во Европа по Бундес лигата, но се уште во оваа конкуренција може да се гледаат одлични натпревари.

Таков беше дуелот меѓу Синфин Сантандер и Бидасоа ирун, кој беше решен по истекот на времето со погодок од слободен удар.

Херој на викендот е домашниот ракометар Начо Ваљес, кој со парабола удар го надмудри живиот ѕид, а и голманот, кој беше во неверување.

Во победата на Синфин над Бидасоа, покрај Ваљес, најдобар поединец беше македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски со шест голови

Погледнете го погодокот кој сигурно ќе се појави на многу ТВ шпици…