ГОЛЧИШТЕ на Мошиќ: Коментаторите полудеа, на голманот Жерар виновна му беше стативата (ВИДЕО)

Светскиот шампион Франција без особени проблеми го совлада нашиот северен сосед Србија со 32-21 во второто коло од Мундијалот во Германија и Данска.

Избраниците на Ненад Перуничиќ во првиот дел одржуваа резултатска рамнотежа со поквалитетниот противник и на пауза се замина со водство за Франција со достижни 15-12.

Овој дуел сепак го одбележа голот на Иван Мошиќ. По истекот на времето од првиот дел, Србите добија слободен удар метри од околу петнаесетина метри.

Веројатно сите очекуваа дека нема да биде изведен шут и дека само ќе ја спуштат топката, сепак Иван Мошиќ со голема прецизност го погоди левиот агол на голманот Венсан Жерар.

Французинот почна да ја удира стативата, но овој погодок „оди“ на негова душа. Погледнете го ремек делото на српскиот репрезентативец Мошиќ во видео прилогот…