Голман од Македонија на подготовки кај Вујо на Златибор

Екипата на Железничар стартуваше со подготовките за новата сезона, а Веселин Вујовиќ веднаш тргна со работа на Златибор каде ќе се одработи најтешкиот дел од тренинзите. На истите се појави и ракометар од Македонија, кој е повреден и кој ќе треба да покаже дека е подготвен за да се врати на теренот.

Се работи за голманот Даниел Дупјачанец, кој последната сезона ја мина во редовите на Азоти Пулави, но поради повреда на коленото не успеа истата да ја заврши на теренот.

Конкуренцијата во Железничар е веќе сериозна бидејќи има дури четворица голмани. Покрај Дупјачанец на тренинзите се и Данило Михаљевиќ, Дарко Стошиќ и Милош Лазиќ. Сите конкурираат рамноправно, а на Дупјачанец е да покаже дека е заздравен целосно и дека ќе може одново да застане на голот.

Му следува тежок период, па ќе има задача да се избори за потпишување на договор. Мала предност за него е фактот што додека играше во Македонија во редовите на Металург, Вујовиќ можеше да ги следи неговите игри, па добро ги познава неговите калитети.