Голман изведе мајсторија: Го седнаа на подлогата, а тој го одбрани пеналот (ВИДЕО)

Интересно видео доаѓа од Шпанија каде се гледа дека секогаш постои можност за голманска интервенција дури и во момент кога се чини дека е совладан.

Се работи за седмерец при кој ракометарот што го изведува веќе го седна голманот на подлогата, но тогаш кога требаше само да ја уфрли топката во голот.

„Чуварот на мрежата“ успеа да најде начин да одбрани и дефинитифно ова беше спектакуларна интервенција каква ретко  може да се види.