Голманот на Барселона, Де Варгас прецизен како снајперист (ВИДЕО)

Колегата на Борко Ристовски на голот на Барселона, Гонзало Перес де Варгас се покажа и како одличен стрелец. Тој успеа да се запише меѓу стрелците на дуелот против Логроњо ла Риоха и тоа од својот простор.

После една неуспешна акција на противникот тој веднаш биеше во празниот гол и покажа дека е во одлична форма и дека Вардар ќе мора да внимава доколку на моменти игра без својот голман. Инаку, Барселона синоќа победи со 32:25.