Голем јубилеј за бразилската репрезентативка: 500 погодоци зад презимето на Аморим Талеска

Четвртфиналените дуели од Лигата на шампионите, оваа година имаaт поголемо значење за бразилската репрезентативка во дресот на унгарски Ѓер, Едуарда Аморим Талеска. Ѓер со победата над Мец од 27-22 обезбеди место во големата четвортка на елитното натпреварување, а предводникот на нападот Аморим Талеска постигна 7 голови. Еден од нив ја заокружи „петстотката“ за искусната бразилска интернационалка која во својата кариера го постигна 500-от гол во Лигата на шампионите.

Аморим во 2006 со Кометал Ѓорче Петров ја започна евро-авантурата во најсилното ракометно клупско натпреварување и во трите сезони постигна 57 голови, останатите ги постигна по заминување во редовите на унгарскиот шампион Ѓер каде што настапува во моментот.