Голема чест за младинците: Челниците на РФМ и АМС ги пречекаа на аеродром (ФОТО)

Младинците го освоија шестото место на Мундијалот во Алжир, што е најголем успех на планетарните натпреварувања во колективните спортови во историјата на Македонија. Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, заедно со директорот на Агенцијата за Млади и Спорт им оддадоа признание и им честитаа за одличниот настап во Алжир.