Годишната конференција на 38 клубови ќе се одржи в среда

Сите клубови од сениорските лиги во Македонија, ќе бидат дел од годишната конференција што ќе се одржи во СЦ “Борис Трајковски” в среда.

12 машки клубови и 10 женски клубови од Суперлигата и од Женската лига, ќе го започнат собирот од 12:00 часот, додека 14 клубови од Првата лига ќе се соберат во 13:30 часот.

Ќе има осврт на штотуку завршената сезона, како и план за следната, а се очекува да биде интересно на прволигашкиот собир, кои најавија бојкот на првенството ако не добијат ваучери.