Гледајте ракомет, и купете си домати и пиперки! (ФОТО)

Светското првенство во Германија и Данска, започна вчера, но денеска ќе бидат одиграни поголемиот број од натпреварите.

Македонија го започнува настапот на шестиот Мундијал, а четврти по ред, со средбата против азискиот претставник Јапонија во 15:30 часот.

Салата „Олимпијахале“ е подготвена за стартот на првиот натпревар, а домаќините покрај стандардните содржини во салата, имаат направено и мини пазар.

Навивачите во салата, покрај тоа што ќе уживаат во ракометните средби, ќе можат да си купат и намирници за дома. Домати, пиперки, моркови, ананас, банани, има за секого по нешто…