Гледајте Лига на шампиони за 100 денари

Македонскиот вицепрвак Металург претстојниот викенд ќе го одигра првиот натпревар од Лигаа на шампионите на домашен терен. Денеска на пладне беа пуштени во продажба влезниците за овој натпревар.

Има два типа на влезници, по цена од 150 денари за М блоковите и по 100 денари за сите други блокови. Истите се продаваат онлајн, на следните линкови:

www.karti.com.mk и  http://www.mktickets.mk/

Натпреварот против екипата на Бешикташ, на програмата е в недела, 24 септември, со почеток во 17:00 часот. На денот на натпреварот, влезници ќе можат да се купат и во билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“.