Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Вардар и Мотор Запорожје (ЛИНК)

На долгиот список на натпревари кои денеска би требало да се одиграат низ Европа свое место има и двобојот меѓу Вардар и Мотор Запорожје во рамки на СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ го пречекуваат составот од Украина и на овој дуел е јасно дека и двете екипи нема да бидат во најсилните состави.

Вардар на терен ќе биде со подмладени сили за да можат поискусните да се одморат. Сепак, ниту гостите нема да бидат со првата постава, па ова ќе биде пресметка на подмладени тимови на двете екипи и дефинитивно ќе биде интересно на теренот во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.

Натпреварот меѓу Вардар и Мотор Запорожје може да го гледате на следниот ЛИНК.