Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Вардар и Келце (ЛИНК)

Составите на Вардар и Келце денеска од 17:30 часот ќе ги одмерат силите во рамки на 7. коло од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се домаќини на овој дуел и од нив се очекува да дојдат до уште еден триумф иако сите добро знаат дека ќе биде многу потешко отколку на натпреварот против Мешков Брест.

Вардарци денеска ќе имаат можност и да играат против своите поранешни колеги Карачиќ и Душебаев, па овој дуел ќе има и една сосема поинаква димензија.

Тренерот Кокшаров ќе може да смета на услугите на десниот бек Даинис Кристопанс, кој го превитка зглобот на дуелот против Војводина.

Натпреварот ќе може да го гледате на следниот ЛИНК.