Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Металург и Струга (ЛИНК)

Екипите на Металург и на Струга денеска ќе ги одмерат силите во рамки на 6. коло од Супер машката лига и со овој меч ќе биде отворено новото коло.

Стружани немаат победа во пет натпревари, а можеби ќе треба да почекаат за да стигнат до неа, со оглед на тешкото гостување во Автокоманда.

На спротивната страна, Металург по убедливиот триумф над Работнички, ќе сака да ја продолжи победничката серија.

Натпреварот меѓу Металург и Струга започнува од 19:00 часот, а може да го следите на линкот подолу…