Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Металург и Рамат Хашарон (ЛИНК)

Тимот на Металург денеска го игра четвртиот пријателски натпревар во претсезоната. По настапот на турнирот во Чехов, следува настапот на турнирот во Кањижа.

Прв ривал ќе биде израелскиот Рамат Хашарон, против кој избраниците на Дамир Стојановиќ ќе ја бараат првата победа.

Натпреварот меѓу Металург и Рамат Хашарон почнува од 18:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.