Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Јапонија (ЛИНК)

По вчерашниот пораз од Данска денеска репрезентативците на Македонија ќе се соочат со составот на Јапонија и тоа ќе биде дуел на кој ќе мора да се надомести. Македонија нема избор освен да нападне со сите сили од старт и да дојде до нова победа.

Ова ќе биде интересна средба, а на момците им треба поддршка. Со победа денеска можат да си завршат многу работа и да дојдат до полесен ривал во разигрувањето. Тоа секако е одлична најава за елиминациите каде веќе е обезбедено местото.

Затоа денеска во 20:30 часот сите погледи се насочени кон СЦ „Борис Трајковски“ и трета победа за Македонија на ова СП. Натпреварот може да го гледате на линкот подолу…