Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Косово (ЛИНК)

Женската младинска репрезентација на Македонија по победата на Грузија и поразите од домаќинот Литванија и Швајцарија, остана на третото место во групата Б на ЕХФ шампионатот и ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место.

Прв ривал во разигрувањето е селекцијата на Косово. Доколку победат, избраничките на Јулијана Дамчевска ќе играат за петто место, доколку загубат ќе се борат за седмо.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра денеска со почеток во 14:00 часот, а ќе го судат Никлас Педерсен и Никлас Нигард.

Можете да го гледате на следниот ЛИНК.