Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Литванија (ЛИНК)

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра третиот и последен натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Избраничките на Јулијана Дамчевска имаа слаба партија против Швајцарија, но ако ги победат домаќинките на овој турнир, ќе обезбедат место во полуфиналето.

Таму би се сретнале со првопласираната репрезентација од групата А, а тоа ќе биде Чешка или Турција.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра денеска со почеток во 18:00 часот, а може да го следите ТУКА.