Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Струга и Работнички (ЛИНК)

Натпреварите во Супер машката лига продолжуваат, а викендов на програмата е 10. коло во кое најголемите возбудувања се чекаат утре во Охрид.

Денеска на терените ќе се најдат составите на Металург, кои ќе имаат меѓусебна пресметка во салата во Автокоманда. Покрај тоа денеска на двобој ќе бидат и Бутел Скопје со Пелистер и Струга со Работнички.

Металург и Бутел Скопје се фаворити за победа, додека во Струга според формата тимот на Работнички треба да има предност.

Натпреварот меѓу Струга и Работнички се игра вечерва со почеток во 19:30 часот, во СЦ „Тими“, а може да го следите на линкот подолу…