Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Пекинг (ЛИНК)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник вечерва ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на ТВ Турнирот на шампионите во Добој.

По ремито со Луцерн и победата над Слога Добој, Еурофарм има шанса со убедлива победа над Пекинг да обезбеди место во финалето.

Претходно ќе играат Луцерн и Слога, па битолчани точно ќе знаат колкава победа ќе им биде потребна за да стигнат до меч за трофеј.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Пекинг започнува од 21:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.