Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Вардар Јуниор и Бутел (ЛИНК)

Во суперлигашкото друштво овој викенд се игра третото коло во кое би требало да гледаме неколку интересни натпревари.

Колото ќе биде отворено со натпреварот меѓу Вардар Јуниор и Бутел Скопје, а голем фаворит е гостинскиот тим, па се друго освен победа на момците на Кристијан Грчевски ќе биде големо изненадување.

Натпреварот меѓу Вардар Јуниор и Бутел Скопје се игра денеска од 15:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а може да го гледате на следниот ЛИНК…