Ги средивме Словенците во Белград, на ред е Загреб

Во досегашната историја на меѓусебните официјални дуели против репрезентацијата на Словенија имаме одиграно пет натпревари.

Еден од нив е на Европско првенство и тоа е нашата единствена победа против нив досега. Игравме против Словенија и кога Веселин Вујовиќ седеше на македонската клупа во 2007 година, но загубивме на двата меча, и во Марибор и во Скопје.

Се сретнавме и на СП во Катар, во осминафиналето, кога Словенија победи со 2 гола разлика, а лани игравме и на СП во Франција, и бевме убедливо поразени.

Досегашни дуели на Македонија и Словенија:

09.06.2007, Марибор, Словенија – Македонија, бараж за СП, 33:28
16.06.2007, Скопје, Македонија – Словенија, бараж за СП, 32:33
27.01.2012, Белград, Македонија – Словенија, меч за пласман ЕП, 28:27
25.01.2015, Доха, Словенија – Македонија, осминафинале СП, 30:28
16.01.2017, Мец, Словенија – Македонија, групна фаза СП, 29:22