„Ланксес Арена“ недопирлива – убедливо најпосетен спортски објект минатата сезона

Компанијата Полстар уште еднаш направи рангирање на арените ширум светот, а и во најновото на врвот е „Ланксес Арената“ во Келн. Салата во која се игра завршниот турнир во Лигата на шампионите, исто како и во 2018 година останува недопирлива.

Во првата половина на 2019 арената во Келн беше на врвот пред „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк и „Ви Цинк Центар“ во Мадрид. До сега во „Ланксес Арената“ во 2019 година се одржаа 107 настани на кои присуствуваа над еден милион гледачи.

Главен настан кој привлече најмногу гледачи секако е завршниот турнир од Лигата на шампионите каде што на сите четири натпревари арената беше исполнета.

На тој начин оваа арена стана главен центар за вљубениците во ракометот ширум светот, а Ф4 во Лигата на шампионите се одржа десетта година по ред. Договорот неодамна беше продолжен до 2024 година.