Ги закачи патиките на клинец (ФОТО)

Соиграчот на Кире Лазаров од Нант и поранешен репрезентативец на Германија, Доминик Клајн одлучи да ја заврши својата кариера, а тоа го направи на интересен начин.

300x250

Спроведувајќи го на дело она: „Ги закачи патиките на клинец“ тој го најави своето повлекување од терените.

Дефинитивно Клајн знаеше да го направи ова на интересен начин и го привлече своето внимание на социјалните мрежи, а Нант останува без еден искусен ракометар кој беше еден од најдобрите играчи на позицијата лево крило во светот.

Клубот веќе има замена, а Клајн сега ќе има време да се посвети на други активности надвор од ракометот.