Германците имаат доверба во Миркуловски: Македонецот уште една година во Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ќе го продолжи договорот со германскиот тим Вецлар на уште една сезона. Искусниот централен бек ја игра својата втора сезона за тимот на Вецлар, а добриот впечаток управата на клубот го награди со нов едногодишен договор. Миркуловски и челниците на Вецлар вчера ги договориле деталите, останува уште официјално да биде ставен потпис на документот со кој македонскиот ракометар ќе го продолжи престојот во Германија.

300x250

Филип Миркуловски трета сезона настапува во силната Бундеслига. Првата сезона ја одигра во дресот на Хановер, по што дојде во Вецлар како замена за легедарниот Ивано Балиќ на централната бековска позиција. Иако низ ракометните кулоари се шпекулираше со неговото враќање во Македонија како големо изненадување на летниот преоден рок, сепак искусниот македонски репрезентативец ќе го одложи својот камбек за најмалку една сезона.