Германска работа: Со погледите кон фудбал, со мислите кон Вардар (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарите на Рајн Некар допатуваа во Скопје со комплетен состав и денеска го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел против Вардар во 8. коло од Лигата на шампионите. Со оглед на тоа што во салата во СЦ „Јане Сандански“ се игра дуелот меѓу женските тимови на Вардар и на Турингер, Рајн Некар мораше на тренинг во малата сала.

За загревање пред овој меч, тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен им овозможи на ракометарите и мало опуштање, па одиграа партија фудбал. Секако тоа беше до оние моменти додека новинарските екипи имаа можност да присуствуваат во салата и да го следат тренингот.

Во тимот е и Филип Талески, кој се подобро се снаоѓа во својот нов тим.