Германската делегатка ќе има нова шанса да им го загорчи животот на вардарки

Женскиот ракометен судиски пар, Анамарија Стоја и Дијан Кармен Флореску ќе ја делат правдата на полуфиналниот дуел од Ф4 турнирот во Будимппешта помеѓу ЖРК Вардар и Ростов Дон.

ЕХФ ги делегираше романките да ја делат правдата на тој натпревар, а на делегатското столче ќе седнат Ана Мачадо од Шпанија и Јанка Стасова од Словачка.

Помеѓу делегатите на Ф4 турнирот повторно ќе се најде и Јута Ерман Волф. Не ви е познато?

Доколку не можете да се сетите, Јута Ерман Волф е делегатката која за време на големото финале помеѓу Вардар и Ѓер, во клучните моменти од натпреварот сама се реши да повика тајм-аут за Вардар што предизвика големи негодувања како на клупата на Вардар така и кај сите љубители на ракометот во Македонија.

Вардарки ја избегнаа во првото полуфинале, но таа може да биде делегирана за големото финале или натпреварот за третото место.

Да се надеваме дека оваа година Јута ќе остави клупата на Вардар сама да одлучи кога ќе го искористи своето право на тајм-аут.

Финалниот турнир ќе се одигра на 12 и 13 мај во Будимпешта.  Ѓер и ЦСМ Букурешт ќе го отворат полуфиналниот ден во 15:15 часот,  а во второто полуфинале ќе се соочат Вардар и Ростов Дон. Овој натпревар стартува во   18:00 часот.