Германија во тага: Поранешен репрезентативец почина на 39 години!

Поранешниот германски репрезентативец Јенс Тидке, почина на 39-годишна возраст по долгата борба со болеста.

Во октомври 2006 му беше откриен тумор на мозокот, кој еден месец подоцна беше отстранет. Тидке му се врати на ракометот во 2007 година.

Но сепак неколку години подоцна болеста се врати, па Тидке мораше да ја заврши кариерата во 2016 и реши да се бори за живот.

Сепак не можеше вторпат да излезе како победник во тешката битка и почина на 39-годишна возраст.

Тој е поранешен член на Тусем Есен, Вилштат, Грошвалтат и Вецлар. За германската репрезентација настапи на 64 меча и постигна 92 гола, а беше дел од составот на СП 2005 и 2009.