Георгиевски фантастичен, ЧСМ Букурешт го суреди романскиот шампион

На тимот на ЧСМ Букурешт не му цветаат рози ниту во домашниот шампионат, ниту во европските купови. По серијата порази во Романија, како и во ЕХФ Купот, шпанскиот тренер Кампос доби отказ, но ЧСМ по промената почна да игра одлично.

Доказ за тоа е убедливата победа над Динамо Букурешт, кој игра во Лигата на шампионите. ЧСМ во градското дерби славеше со 33:20, а една од најголемите заслуги за тоа има македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, кој немаше промашување и беше најдобар стрелец со 6 голови.