Георгиевски одличен пред репрезентативните настапи, ЦСМ Букурешт е лидер во Романија

Десното крило Гоце Георгиевски игра во одлична форма пред репрезентативната пауза и дуелите од квалификациите против Турција и Грција. Неговиот ЦСМ Букурешт славеше убедливо во дербито на седмото коло од романскиот шампионат.

ЦСМ на домашен терен беше подобар од директниот конкурент за врвот Потаиса Турда со 35-24. По првиот дел тимот од Букурешт водеше со 16-13, а во вториот дел комплетно го надигра противникот за конечни 11 погодоци разлика.

Георгиевски заедно со Вражалиќ и Естеки беа најдобри стрелци во победничкиот тим со по шест погодоци. ЦСМ Букурешт сега е на лидерската позиција со 19 бодови, три повеќе од градскиот ривал Динамо.

Констанца предводена од Звонко Шундовски на клупата, победи на гости кај Сучеава со 24-35. Велко Маркоски погоди два пати од два обиди, додека Никола Митревски беше на голот на гостинскиот тим.