Георгиевски не промаши ниту еднаш

Тимот на ЧСМ Букурешт каде настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, забележа победа на домашен над составот на Јаши со убедливи 45:27, во натпревар од 19 коло во романскиот шампионат.

Десното крило беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна 6 голови од 6 обиди. ЧСМ Букурешт останува во трка по првото место на табелата пред стартот на плеј-офот и сега има само 3 бодови помалку од лидерот и градскиот ривал Стеауа.