Георгиевски и Шундовски со ЧСМ Букурешт во полуфиналето на плеј-офот

Ракометарите на ЧСМ Букурешт, предводени од клупата од поранешниот селктор Звонко Шундовски, а на теренот од репрезентативецот Гоце Георгиевски, прославија уште една победа над Васлуи и со 2:0 во серијата се пласираа во полуфиналето на плеј-офот.

ЧСМ по домашната победа, славеше и на гости со 27:30, а Георгиевски беше стрелец на 3 голови. Романскиот вицепрвак во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од двобојот меѓу Темишвар и Турда, што значи дека е можен и македонски дуел.