Георгиевски и ЧСМ Букурешт им се вратија на победите

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски по завршувањето на Европското првенство им се врати на обврските во неговиот клуб ЧСМ Букурешт.

По поразот од Стеауа во Купот на Романија и ремито со Констанца во шампионатот во финишот на минатата година, ЧСМ им се врати на победите.

Тимот на Георгиевски славеше со 24:21, иако на полувреме имаше предност од 18:9 и во вториот дел даде само 6 голови. Десното крило беше втор стрелец со 4 голови од 6 обиди.