Георгиевски и ЦСМ Букурешт на лидерското место во Романија

Тимот на ЦСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, славеше над Дунареа Калараши со 24-25 во најинтересниот натпревар од 10. коло во романскиот шампионат.

Десното крило постигна еден погодок од еден обид на овој дуел. Бодовите беа многу важни за ЦСМ Букурешт бидејќи со нив го задржа лидерското место на табелата во Романија со 25 бодови и без пораз, а со натпревар помалку од другите екипи.

На второто место се наоѓа Констанца на Звонко Шундовски, Велко Маркоски и Никола Митревски со 24 освоени бодови на 10 натпревари.