Георгиевски: Изгинавме на теренот и извојувавме голема победа!

Задоволен по големата победа над Словенија секако беше и десното крило, Гоце Георгиевски.
Како и останатите наши ракометари и Георгиевски очекувал тежок и неизвесен натпревар. Добрата анализа и подготвеност на нашата репрезентација се покажале како еден од клучните фактори за вечерашната голема победа.”Како и што се очекуваше пред овој натпревар, дека ќе биде неизвесен. И двете репрезентации многу се познаваме, играме често против нив. Ние добро ги анализиравме нив, а тие нас. Мислам дека заслужено победивме во една машка борба, изгинавме на теренот и извојувавме голема победа.

300x250

Мислам дека клучно за пресвртот беа одличните одбрани на нашиот голман, а во продолжението игравме многу послободно”.