Георгиевски за 24Ракомет ТВ: Навивачите треба да ни ја дадат неопходната поддршка (ВИДЕО)

Машката ракометна репрезентација утре го започнува настапот на шестиот Мундијал во историјата. Еден од играчите што имаат подолг стаж во нашата селекција е десното крило Гоце Георгиевски, кој игра во одлична форма во дресот на романскиот ЦСМ Букурешт.

Тој очекува голема поддршка од навивачите во Минхен.

„Има многу Македонци што живеат во Германија. Очекувам дека македонските навивачите ќе ни ја дадат неопходната поддршка бидејќи го заслужуваме тоа“, вели Георгиевски.

Целосната изјава на десното крило можете да ја погледнете на линкот подолу.

Првиот натпревар го играме против Јапонија во текот на утрешниот ден со почеток во 15:30 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.