Георгиевски го водеше Диферданж до победа

Тимот на Ред Бојс Диферданж, предводен од клупата од македонскиот стратег Данило Брестовац, а на теренот од бекот Дарко Георгиевски, забележа гостинска победа над Шифланж со 34:40, во рамките на шампионатот на Луксембург.

Георгиевски беше втор стрелец кај „црвените момци“ и постигна 7 голови. Диферданж со оваа победа се наоѓа на 3 позиција на табелата со 3 бодови помалку од лидерот Дуделанж. Следен предизвик за Брестовац и Георгиевски ќе биде дуелот со Каерјенг на Владимир Темелков.

Каерјенг на последниот меч ремизираше дома со Еш, а десното крило даде 3 голови.