Георгиевски во форма, но ЦСМ Букурешт загуби од Нексе

На Кањижа купот на последниот меч од разигрувањето екипата на ЦСМ Букурешт не успеа да стигне до победа и претрпе пораз од тимот на Нексе кој ја има последната контрола пред почетокот на средбите од СЕХА-лигата.

300x250

Нексе славеше со 25:23, а ова беше дуел на кој на теренот беше и репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски. Тој реализираше трипати и беше меѓу поефикасните во таборот на ЦСМ Букурешт, но тоа не беше доволно за добар резултат.

Денеска Нексе ќе игра против Целје во финалето на Кањижа купот, додека ЦСМ Букурешт веќе го одигра својот дуел против Партизан. Претрпе пораз од 30:35.

Нексе е меѓу стандардните учесници во СЕХА-лигата, а годинава првпат и Романија ќе има свој претставник. Сепак, тоа место е за Стеауа, а ЦСМ Букурешт ќе мора да проба да се избори за место можеби за следната сезона.